Centar.mk
СВЕТ

Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот

Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.

Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.

Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ БАРА НОВИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ – Предложена евакуација на цивили од десет окупирани локации

ДЕСК