27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4,делница Блаце – Скопје.Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13.10.2022 се воведe изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце , на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – м.в. Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40к.м/ч. поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).

На патниот правец Маврови Анови – Дебар се изведуваат градежни активности и сообраќајот се одвива наизмeнично, односно е регулиран со семафори.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од 05.04.2022, се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.