Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

„Овој град знае дека силата е во заедништвото, не во поделбите,“ порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар. Во своето обраќање, тој остро ги критикуваше политиките на власта, обвинувајќи ја дека намерно го разединува народот за да ја сокрие сопствената неспособност.

„Тие што денес владеат се обидуваат да не разделат – со лаги, со поделби, со национализам што треба да ја прикрие нивната неспособност“, рече Филипче.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ја заборавила најважната лекција од историјата – дека заедништвото е силата на оваа земја. „Нивната политика е политика на поделби, на дестабилизација, на навреди. Политика која секогаш завршува со тензии во општеството“, потенцираше тој.

Филипче го истакна Гостивар како симбол на соживот, достоинство и почит меѓу луѓето и најави дека токму од тука ќе започне обновата на вредностите кои, како што рече, биле системски разорени.

„А Гостивар е симбол на спротивното: на соживот, на почит, на достоинство. И токму затоа, одовде, од градот на гостопримството, ќе почнеме да ја враќаме топлината во државата, правдата во институциите и вербата во иднината“, истакна Филипче на крајот од своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК