ОТКАКО пожарникарско возило удрило во нивниот авион, еден пар решил да направи инстант селфи.
Несреќата се случи минатиот петок на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на лице место загинале двајца пожарникари. Патниците и членовите на екипажот не се повредени.
„Кога животот ти дава втора шанса“
Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљози, ја сподели објавата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи.
Луѓето почнаа да коментираат на фотографијата, а еден корисник на Фејсбук напиша: „Ова можеше да биде огромна трагедија. Секој во авионот може да се смета за среќен“.
Бурни реакции
Некои корисници на Твитер коментираа колку е апсурдно да се „сними“ селфи веднаш по несреќата, а еден твитер напиша: „Сега го видов сето тоа. Селфи по несреќа. Крај на интернетот“.