10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кај малолетник пронајден нож додека чекал на автобуска постојка во Скопје

На 21.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници. По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус бр.74 на ЈСП кај малолетник од с.Горно Количани, скопско, бил пронајден и одземен нож.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Спонзорирано: