25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски од Охрид: Ги одглавуваме заглавените проекти – автопатот Кичево-Охрид ќе се отвори во јануари 2024 година

„Наследивме заглавени проекти – ги одглавуваме. Нема поголем пример за тоа од автопатот, Кичево – Охрид. Недозволиво е со години проект да се реализира, тоа мора да го менуваме и го промениме. Затоа вчера бев на увид на градежните работи. Се гледа дека конечно нешто се работи, има напредок. Но, реков таму, ќе повторам и овде, роковите да се почитуваат и да се заврши целиот проект до јануари 2024 година“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Охрид.

Тој додаде дека овој проект е од важно државно значење, но особено е важен за охридскиот регион, за развој на туризмот и економијата.

„Туризмот како значајна гранка за Охрид може својот пик да го достигне само преку политиките на интеграција и соработка кои се наша одлика. Преку иницијативата Отворен Блакан и јакнењето на регионалната соработка дополнително го стимулираме туризмот и ги промовираме нашите национални богатства интересни за туристите“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека со интегрирањето во Европската Унија ќе се овозможи на идните млади македонски генерации да им се обезбеди подобра иднина, ра се развиваат и да создаваат подобро утре дома, а не во некоја туѓа земја.

„Многу сум горд, што можам да стојам вака пред вас, во градот на Свети-климентовиот прв Универзитет на Балканот, со крената глава и со задоволство од срцето да кажам: успеавме аманетот на нашите предци, на генерации наши синови и ќерки да го остваривме. Mакедонскиот јазик го обезбедивме во Европската унија, рамноправен и на ниво на сите јазици во Унијата, еднаш засекогаш. Македонскиот идентитет, посебност и култура се заштитени. И нема подобро место од македонскиот Ерусалим да се каже дека и Македонската православна црква – Охридската архиепископија е признаена. На следните генерации им оставаме чист пат и сите може да бидеме горди на тоа“ рече Ковачевски.