3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Охрид: За 10 месеци направивме повеќе за енергетиката од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

„За 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци направивме повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Мерлив. Споредлив. Чист и јасен“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Охрид.

Тој кажа дека еден од новите енергетски проекти за трансформација е електраната во Осломен, со инвестиција во фотонапонска електрана од 10 мегавати и додаде дека веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место.

Премиерот Ковачевски кажа дека започна со работа и најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 мегавати, изградена од словенска компанија, а се гради и во употреба ќе се стават и најголемите ветерници од 25 мегавати во Свети Николе.

„Ги олеснивме целосно процедурите, завршена е законската постапка и изгласана е во Собранието, граѓаните можат да произведуваат струја на своите покриви, а вишоците да ги продаваат. Денеска во охридско-струшкиот регион посетив две успешни компании како пример за енергетска транзиција и обезбедување струја од македонското сонце“ рече Ковачевски.

Тој истакна дека иднината во производството на електрична енергија ја гледа во обновливите извори на енергија и поради тоа владата и тој интензивно работат токму на тоа, а резултатите се веќе видливи.

„Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани. Лидери сме во регионот во енергетска трансформација. Можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце“ потенцираше Ковачевски.

Спонзорирано: