Министерката за одбрана денеска на прес-конференција ги демантираше изнесените лаги од пратеникот Драган Ковачки и порача дека има рок од 24 часа да се извини за овие бескрупулозни невистини.
Ви ја пренесуваме изјавата на министерката Петровска во целост:
„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Ниту нешто кријам, ниту нешто ќе скријам. Затоа наместо да праќам соопштени или да објавувам фејсбук статуси, стојам пред вас и одговорно изјавувам.
Прес – конференцијата на поранешниот припадници на Армијата Драган Ковачки е груба лага и манипулација. Безуспешен обид да го скрие срамот од дебакалот што го доживеа во средата. Чинот кој бегалецот Ковачки го посочи, никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац кој со уредно склучени договор за купопродажба е отуѓен, односно продаден пред повеќе од десетина години. Поранешниот воен разузнавач кој беше дел од сценариото за 27 април и кој ги извиси и се огради од оние што ги поттикна на насилство, има рок од 24 часа да се извини за овие невистини, во спротивно ќе му биде поднесена тужба за клевета, а парите ќе ги донирам на жртвите од владеењето на неговиот Никола Груевски.
Го повикувам да се извини и на семејството кој е легален и чесен сопственик на овој имот и да престане со старите нивни, дпмнеовски навики, на незаконско следење и фотографирање. Жалам што Ковачки бега да зборува за успесите на Армијата, туку одбра да се занимава со конструкции против мене. Ама ова дрско и бескрупулозно однесување од негова страна нема ниту да ме заплаши, ниту да ме поколеба да ја зборувам вистината“.