Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Општина Гостивар отвора „Центар за дијаспора“

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска потпиша договор со министерот за дијаспора Џемал Чупи за отворање Канцеларија за соработка со дијаспората која ќе се вика „Центар на дијаспора“.

Овие канцеларии се наменети да имаат посредничка улога и би служеле како центри каде нашата дијаспора ќе добие пристап до потребните информации и дополнителни инструкции врз основа на нивните права за соодветните процедури во надлежните институции.

Овластувањата на канцеларијата се:

– Да ја информира дијаспората за сите нивни права и обврски за време на престојот во матичната земја;

– Да придонесе за создавање на база на податоци за сите здруженија активни во дијаспората, со акцент на економската и научната дијаспора;

– Да се иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за заеднички проекти;

– Да го дистрибуира огласот за конкурсот на кабинетот на министерот надлежен за дијаспора за финансиска поддршка на здруженија од локалната дијаспора;

– Да помогне во креирањето на база на податоци за бизнис дијаспората, како предуслов за развој на соработка со бизнис заедницата во РСМ, поточно привлекување на странски инвеститори;

-Да ја информира дијаспората за време на престојот во матичната земја за можностите што ги нуди Владата за дополнителна финансиска поддршка за странски и домашни инвестиции и да ги ориентира потенцијалните инвеститори кон едношалтерскиот систем „OneStopShop“;

– Да информира и помогне во препознавањето на можностите за реализација на проекти со јавно-приватно партнерство со дијаспората за локални и регионални инвестиции;

– Да се поттикне „туризмот на дијаспората“ преку промотивни активности во туризмот;

– Да се информира, имено, да се промовира изучувањето на мајчиниот јазик за децата во дијаспората, како предуслов за зачувување на културниот и јазичниот идентитет;

– Да се води евиденција за бројот на студенти кои дипломирале од локалната дијаспора.

Општина Гостивар во изминатите пет години континуирано отвора Канцеларија за сонародници во летниот и зимскиот период кога се во татковината.