Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се сретна со лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари. Состанокот e продолжување на разговорите кои беа започнати на лидерската средба која се одржа во Собранието на 7 ноември 2022 година. Оваа средба е една од низата средби кои претседателот на Владата, Ковачевски ќе ги оствари во наредниот период со претседателите на сите политички партии застапени во Парламентот, а кои се однесуваат на суштински разговори врзани со европската иднина на Северна Македонија.
На средбата премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за европската иднина на Северна Македонија, за чекорите кои треба да се преземат наредниот период и останатите одлуки кои треба да се носат во широк општествен и политички консензус.
На состанокот тема на разговор беше и активната борба против корупција и зајакнувањето на владеењето на правото во државата.
Тема на разговор беа блокираните закони во Собранието кои се во интерес на граѓаните и просперитетот на државата, како и потребата од поголема соработка помеѓу парламентарните партии во однос на деблокирање на истите.