27. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ивановска: Нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“

Откако ВМРО-ДПМНЕ побара од Антикорупциската комисија да отвори случај против премиерот Димитар Ковачевски, претседателката Билјана Ивановкса за МКД.мк вели дека нема основа за отворање случај против премиерот за случајот „Броило“

„Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство. Во случајов тој не е ниту сопственик ниту управител“, вели во изјава за МКД.мк претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска по прозивките на ВМРО-ДПМНЕ, Антикорупциска комисија да отвори предмет за премиерот Димитар Ковачевски со кој ќе истражи дали премиерот е вмешан во криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја.