Пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска која во Советот на Европа жестоко се расправаше со бугарскиот пратеник Александар Јорданов.
Јорданов порача дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него. Мираковска му порача на својот бугарски колега дека никогаш не може да го оспори македонскиот идентитет.
-Вие мене ниту на моите сограѓани не можете никогаш да им кажете дека зборат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, говорам на македонски јазик живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет, вели Мираковска.