Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Кумановски Голф извлечен од Вардар откако паднал, што се случило со патниците засега не се знае!

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +