Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Истанбул, Република Турција, заради учество на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики. Овие политики се од големо значење во воспоставувањето на рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот на жените и мажите во приватниот и во јавниот сектор.

Конференција ќе биде можност да се запознаеме со добрите практики на другите земји и можностите истите да ги примениме во нашиот контекст.

Министерката Тренчевска ќе зборува за постигнатиот напредок во однос на родово одговорните демографски политики во нашата држава и идните чекори кои ќе бидат во согласност со менувањето на семејните формации и структури и еволуцијата на демографските трендови.

На конференцијата ќе присуствуваат околу 100 претставници на агенциите на ООН, членови на влади и парламенти на држави од Источна Европа и Централна Азија, универзитети, приватни компании и други.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +