Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие

Осум дена трае молкот на Христијан Мицкоски за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра. Со денови слушаме меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за раце во медот, и тоа за тендер тежок 136 милиони евра. Надлежните институции веќе постапуваат по допрен глас и го чешлаат целиот случај. Заклучокот е едноставен, во ВМРО-ДПМНЕ криминалната матрица не се менува, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Каевски додаде дека последните случувања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не само што не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана. Граѓаните знаат дека, Златко Перински е поранешен шеф на кабинет на Мицкоски, пред да стане директор на Водовод.

Данела Арсовска пак беше кандидатка која Мицкоски ја промовираше, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа, и ги собра потписите, заедно се шетаа по митинзи и бараа поддршка од скопјани на изборите. Токму Мицкоски ја пречека Арсовска пред Белата палата со зурли и тапани.

Мицкоски самиот се прогласи за шпицен градоначалник најавувајќи проект за 100 електрични автобуси во Скопје од партиска говорница. И сето тоа само за да контролира бизниси, тендери и влијанија, само да ја задржи својата фотелја во белиот дворец. Тоа е Мицкоски, секогаш ги гледал личните и интересите на одредени бизнис групи во ВМРО-ДПМНЕ, отколку интересите на граѓаните и државата, истакна Каевски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ДЕСК

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

ДЕСК