23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Срамота: Лажат стари луѓе за огревни дрва – ги оставаат и без дрва и без пари

Десет пријави за измами при купување огревни дрва евидентира кумановската полиција од почетокот на годинава досега, соопштија денеска од СВР Куманово.

Последната измама беше пред неколку дена кога седумдесет и петгодишна кумановка пријави дека била измамена за 10.000 денари при купување огревни дрва

-Начинот на измама сторителите го вршат со доаѓање во домот на постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите и заминуваат, појаснува полицијата.

СВР Куманово соопштува дека континуирано презема превентивни мерки и апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните кога непознати лица им нудат огревни дрва за пониска цена од продажната, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бројот 192