Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

„Тинекс“ со демант: Владимир Тодоровиќ останува единствен сопственик

Ланецот маркети „Тинекс“ се јави со демант на веста на порталот Shqipmedia дека трговската малопродажна компанија ќе биде купена за 90 милиони евра од косовската „Вива Фреш“. Во продолжение го објавуваме целосниот демант.

„По објавената вест на порталот Shqipmedia на 20.9.2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети „Тинекс“ од страна на компанијата „Вива Фреш“, вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста створија збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците.

Компанијата ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека ниту Тинекс маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје којa управува со Тинекс маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ“, се вели во соопштението на „Тинекс“.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ПАРИТЕ ВО АЛТА БАНКА – Народната банка уверува дека банкарскиот систем е стабилен

ДЕСК

НАЈАВЕНА ВОНРЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО НБРМ: Почнува во 17 часот, ќе се обрати гувернерот Трајко Славески

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ГО ЧЕКААТ ПОНЕДЕЛНИК – РКЕ треба да ги утврди новите цени на горивата

ДЕСК