Истражувачите од Гугл Дипмајнд и Универзитетот во Оксфорд заклучија дека е „веројатно“ суперпаметната вештачка интелигенција да го означи крајот на човештвото – мрачно сценарио кое се повеќе истражувачи почнуваат да го предвидуваат.
Во неодамнешниот труд, тимот – составен од постар научник од Дипмајнд, Маркус Хатер и истражувачите од Оксфорд, Мајкл Коен и Мајкл Озборн – тврдат дека со текот на времето, машините ќе почнат да ги кршат правилата поставени од нивните креатори за да се натпреваруваат за ограничени ресурси или енергија..
„Под условите што ги идентификувавме, нашиот заклучок е многу посилен од оној на која било претходна публикација – егзистенцијална катастрофа не само што е можна, туку и веројатна“, објави Коен на Твитер претходно овој месец.
Во својот труд, истражувачите тврдат дека човештвото би можело да се соочи со својата пропаст во форма на супер-напредни „неврзани агенти“ кои гледаат на човештвото како на личност која стои на патот на наградата.
„Еден добар начин агентот да одржува долгорочна контрола над својата награда е да ги елиминира потенцијалните закани и да ја искористи сета расположлива енергија за да го обезбеди својот компјутер“.
„Губењето на овој натпревар би било фатално“, напишаа истражувачите.
За жал, велат истражувачите, не можеме многу да направиме за тоа.
„Во свет со бесконечни ресурси, би бил крајно несигурен што ќе се случи“, рече Коен во интервју. „Во свет со ограничени ресурси, постои неизбежна конкуренција за тие ресурси, а тоа може да биде лош знак за човештвото“.
„И ако се натпреварувате со нешто што може да ве победи на секој чекор, тогаш не треба да очекувате да победите“, додаде тој.
Како одговор на оваа закана, човештвото треба внимателно и полека да ги развива своите технологии за вештачка интелигенција.