22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, присуствуваше на церемонија за комплетирање на GGP-проект во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје. Церемонијата беше организирана од страна на огранизациската директорка на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје Мирјана Пехчевска Поп-Илиева, во знак на благодарност за донацијата.

Со овој проект, Јапонија овозможи Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје да добие машина за рециклирање на медицински отпад, во вкупен износ од 65.801 евра.

“Во период од една година, со машината за рециклирање на медицински отпад рециклиравме повеќе од 1.3 тони токсичен и опасен медицински отпад. Од економска перспектива, со употребата на оваа машина, клиниката годишно заштеди повеќе од 50% од комуналните давачки”, вели Пехчевска Поп-Илиева.

“Со оваа донација, Јапонија помогна да се заштитат 200 вработени, над 30.000 пациенти и животната средина од токсични материјали предизвикани од инфективните болести, како што е Ковид-19”, вели амбасадорот Савада.

Во 2021, Ковид-19 беше меѓу главните причини за морталитет во Северна Македонија, а амбасадорот Савада во обраќањето до присутните изјави дека jапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри и побезбедни здравствени услови.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со организациската директорка на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје Мирјана Пехчевска Поп-Илиева и медицинската директорка Милена Стевановиќ. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Можеби ќе ве интересира

Османи во Јапонија: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералните односи

M T

Османи во дводневна посета на Јапонија, ќе организира и бизнис форум

M T

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон

M T

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост

M T

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

M T

Филипче-Најт: Со донација од САД, ЗД Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

M T