26. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трпевска: Со добро менаџирање на средствата, училишните раководства можат да обезбедуваат подобри услови за настава

Раководството на основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово е пример за тоа како со добро менаџирање на средствата кои ги добива преку блок дотациите на Министерството за образование и наука, може да се модернизираат условите за настава и да се подигне задоволството и кај учениците и кај наставниците. Тоа е всушност и обврска на секој училишен директор, бидејќи квалитетот на образовниот процес зависи од сите нас и имаме должност да придонесуваме кон тоа.

Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Анета Трпевска по средбата со директорката на кратовското основно училиште, Марина Бојковска, која во 2020 и 2021 година во услови на панедмија, со добро менаџирање на средствата успеала да обезбеди капитална инвестиција за училиштето во висина од 6,4 милиони денари.

Станува збор за средства со кои училиштето е реконструирано, односно заменета е фасадата и прозорците, а инсталирани се и фотоволтаици со кои се заштедува електрична енергија, што е особено важно особено во период на енергетска криза. Во меѓувреме набавени се и нови смарт табли и компујтери, како и две нови комби возила за превоз на учениците.

Условите во училиштето се значително модернизирани, а придонес во тоа има и Министерството за образование и наука кое покрај редовното префрлање на средства на месечно ниво за функционирање на образовната установа, во склоп на училишниот објект има изградено и нова спортска сала, додека со поддршка на УСАИД изградено е и надворешно спортско игралиште.

Поздравувајќи ја заложбата и успешната работа на училишното раководство, Трпевска порача дека следењето на стандардите за современа настава треба да биде приоритет на сите училишни директори, уверувајќи дека тие секогаш ќе ја имаат поддршката од МОН.
По посетата на ОУ „Кочо Рацин“, државниот секретар заедно со неколку советници во советот на општина Кратово, а по повод 78 годишнина од ослободувањето на Кратово од окупаторот во втората светска војна, положија цвеќе на спомен бистите на паднатите борци за време на НОБ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Покрај заштедите, ќе скратиме уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци од Буџетот

M T

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено

M T

Мартин Попов: Дали додека крати средства за животна средина Арсовска обезбедила пари за фирмата на Перо Камиказа?

M T

Маричиќ: Одобрени се средства за нови вработувања во Обвинителството и судовите

M T

МОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај било кој трговец

M T

Владата даде согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој

CENTAR MKD