Христијан Мицкоски во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ 12 години беше на раководни позиции во енергетиката како директор на ЕЛЕМ и како советник за енергетика во владата на криминалецот во бегство Груевски, велат од СДСМ.
„Мицкоски како директор на ЕЛЕМ набавувал електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната. Во негово време цената на струјата е покачена за 100%.
Ова се случувало во време кога немало никаква криза. А сега кога светот е во голема економска и енергетска криза Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ седат на страна, кочат, блокираат, одмагаат наместо да им помогнат на граѓаните, на државата, се нагласува во нивното соопштение.
За разлика од нов, СДСМ, додаваат од оваа партија, презема навремени и ефикасни мерки за ублажување на ударот на кризата.