Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

Утрово околу 01.00 часот на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од с. Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (7 од Авганистан и 1 од Пакистан).

За настанот, како што информира полицијата, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК