Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.
Во понеделник претпладне се уште ќе има услови за локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.
Прогноза за 05.09.2022
Минимална температура: 13°C до 20°C Максимална температура: 23°C до 28°C УВ=6
Прогноза за 06.09.2022
Минимална температура: 9°C до 18°C Максимална температура: 22°C до 29°C УВ=7
Прогноза за 07.09.2022
Минимална температура: 9°C до 17°C Максимална температура: 24°C до 29°C УВ=7