Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Лукаревска за Сител: Отворена е дебата за предложената даночната реформа, чекор по чекор бараме добри решенија

Во имплементација на оваа даночна реформа ние никогаш не кажавме дека таа ќе биде 100 процентно имплементирана, има одредени специфики за кои ќе треба да се дебатира и да се најде соодветно решение, рече директорката на УЈП и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, при гостувањето во вестите на Сител, додавајќи дека сите полититки партии се одзваа на поканата за дебата во врска со реформата.

Лукаревска нагласи дека се разговара со коморите, со преставници на сметководителите, ревизорите, економските експерти за роковите на воведување на даночната реформа, за даночни олеснувања и ослободувања, околу прогресивното оданочување за кое веќе е даден дополнителен рок и во делот на сивата економија.

Чекор по чекор ќе ги следиме сите состојби, ќе се адаптираме на енергетската криза и во дослух со компаниите, чии забелешки ги слушаме, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека сите постулати на даночната реформа се по препорака од ММФ, ОЕЦД и СБ.

Нивните препораки се преточени во нашата реформа, а со дополнителни разговори треба да се избере најсоодветното решение, рече директорката на УЈП и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК