Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Лукаревска за Сител: На брза лента сме кон ЕУ, уверена сум дека уставните измени ќе се случат

На брза лента сме на патот кон ЕУ, ниту македонскиот јазик не е ставен под прашалник ниту идентитетот и овој процес треба да го завршиме, уверена сум дека уставните измени ќе поминат во Собранието, рече во интервју за Сител телевизија, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

-Почнавме преговори со ЕУ, сега мора дома да работиме. Сите оние лаги за бугаризација и асимилација се паднати во вода. Како што го остваривме сонот да бидеме членка на НАТО, сега треба да ја оствариме и следната цел. Треба да гледаме напред, перспективно. На брза лента сме ставени на патот кон ЕУ. Ниту македонскиот јазик ниту македонскиот идентитет не се ставени под знак прашалник, знаеме дека се забетонирани и обезбедени. Уверена сум дека уставните измени ќе се случат и ќе поминат во Собранието, рече Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ во денешното интервју за Сител телевизија.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК