Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме низ делови од Македонија – Кога да очекуваме стабилизација?

Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.”

И во Скопје ќе има повремен пороен дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре ќе има стабилизирање на времето, а во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Прогноза за 04.09.2022
Минимална температура: 10°C до 18°C Максимална температура: 24°C до 31°C УВ=6

Прогноза за 05.09.2022
Минимална температура: 13°C до 20°C Максимална температура: 23°C до 28°C УВ=6

Прогноза за 06.09.2022
Минимална температура: 9°C до 18°C Максимална температура: 23°C до 29°C УВ=7

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК