Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Тужба против „Гугл“: Дали „Гемини“ следи сè што пишувате во „Гмајл“ и на „Чат“?

„Гугл“ се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција „Гемини“ за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на „Гмајл“, „Чат“ и „Мит“.

Во колективната тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври давајќи му пристап до приватни податоци без нивно знаење или согласност, објавува „Блумберг“.

Додека корисниците претходно имаа можност сами да ја вклучат програмата за вештачка интелигенција на „Гугл“, во тужбата се тврди дека компанијата во сопственост на „Алфабет“ еднострано ја променила практиката. Иако „Гемини“ може да се исклучи, корисниците мора да се движат низ комплицирани поставки за приватност за да ја пронајдат опцијата.

Доколку корисниците не го преземат тој чекор, „Гугл“ наводно го користи „Гемини“ за „пристап и експлоатација на целата снимена историја на приватните комуникации на своите корисници вклучувајќи ги и практично секоја е-пошта и прилог испратени и примени во нивните гмајл-сметки“, се наведува во тужбата.

Тужителите тврдат дека „Гугл“ го крши Законот за нарушување на приватноста на Калифорнија, закон од 1967 година, кој особено забранува тајно прислушување и снимање доверливи комуникации, без согласност на сите вклучени страни.

„Гугл“ сè уште не ги коментирал обвинувањата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

TIKTOK ПРЕД МОЖНА ЗАБРАНА ВО ШПАНИЈА – Истрага откри сериозни пропусти во заштитата на децата

ДЕСК

GOOGLE ИМА НОВ УРЕД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ ИЗГУБЕНИ ПРЕДМЕТИ – Pixel Tag чини околу 30 долари

ДЕСК

2,8 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА НОВИ СЕНЗОРСКИ ТЕХНОЛОГИИ – Британија отвори конкурс за истражувачки проекти

ДЕСК