Некои хороскопски знаци имаат подобра среќа со пари од другите.
Во продолжение проверете дали сте меѓу оние на кои парите едноставно им се „лепат“.
Скорпија
Ним не им е непознато да се занимаваат со приватен бизнис и за нив важи правилото дека целта ги оправдува средствата. Тие се вредни, сакаат пари и не е тешко да ги заработат. Скорпиите имаат добро развиена интуиција, па кога е работата во прашање, тие си веруваат само себеси.
Јарец
Јарците знаат да бидат сурови и ладни, што се добри квалитети во деловната сфера. Систематски се и пред да се впуштат во претприемничките води, ќе направат детален план. Целта им се парите и знаат безмилосно да тргнат по нив.
Девица
Таа е прецизна и детална и лесно ги пренесува своите способности кога се во прашање финансиите. Игра на сигурно, не влегува во ризичен бизнис. Особено го цени трудот и енергијата што ја потрошила за да стигне до целта, па има ист однос кон парите, без разлика дали се денари или милиони.