„Локалните избори на 20 август се убава можност да покажеме дека сме сплотени и дека сите заедно ќе го избереме развојот и напредокот на Маврово и Ростуше“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањта за локалните избори во Маврово и Ростуше.
Тој додаде дека актулениот градоначалник Медат Куртовски реализирал многу капитални проекти, изградил водоводи, асфалтирал улици и патишта, изградил канализации, реконструирал училишта и целосно нова детска градинка.
„Важни проекти се реализираа во Ростуше, Врбјани, Скудриње Леуново, но и во Трница, Жировница, Тресонче и на сите точки помеѓу. Со напорна и посветена работа, ги допревме и подобривме условите во сите населени места. Така треба и да продолжиме. Верувам дека Медат ќе продолжи да работи уште повеќе посветено“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека Владата и институциите преводени од СДСМ и коалицијата ќе ја помогнат општината во име на посветеноста во име на граѓаните на градоначалникот Куртовски.