Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Горан Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на мирни и фер избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалнил Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало.

Герасимовски, истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар.

„Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден е важен, затоа што со секој глас ја градиме демократијата и иднината на општина Центар. Ги повикувам сите граѓани да излезат и активно да учествуваат во изборниот процес. Посакувам мирни, демократски и фер избори”, порача Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК