Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова гласаше на првиот круг од локалните избори 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори.

„Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. Се покажа дека, иако пратениците пропуштија да го сторат тоа што им е основна обврска, да ја пополнат правната празнина после одлуката на Уставниот суд, стравот беше беспричински. Да, има повеќе кандидати колку што гледам, ама веројатно граѓаните добија и повеќе избор. Јас си ја извршив мојата граѓанска обврска, очекувам тоа да го сторат и другите граѓани. Внатре беше мирно, наликуваше на обичен ден. Очекувам уште денеска да дознаеме како се движат работите. Се разбира, бидејќи за градоначалниците има и втор круг, мислам дека она што денеска го видов, една досадна изборна граѓанска слика, да се повтори и во вториот круг“, изјави претседателката по гласањето.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК