Љубовта за овие знаци е загарантирана, барем така велат ѕвездите.
Бик
Биковите треба да се посветат на решавање на сите недоразбирања и проблеми што ги имаат со пријателите или саканата личност. Оние чии срца се уште се слободни ќе почувствуваат потреба за топлина и љубов и конечно ќе разберат што сакаат. Сродна душа може да биде личност од нивната околина, која отсекогаш ја сметале за само пријател.
Рак
Ова лето може да донесе големи промени во животот на Раковите. Ќе им се случат неверојатни познанства кои ќе им донесат среќа. Мора да бидат отворени за љубов, не смеат да се плашат, иако треба да бидат внимателни и не толку лесно да ја отвораат душата за потполно странци. Чувствата кои се појавуваат во текот на летото ќе се покажат како длабоки и силни. Некои луѓе ќе станат и родители.
Девица
Ова лето резервираните и практични Девици ќе доживеат романса на која нема да можат да и одолеат. Се ќе биде за нови познанства и се ќе се случи брзо. Љубов на прв поглед, брзо заљубување и започнување заеднички живот е многу возможно. Ако се во брак, и тие би можеле да станат родители.