Повеќето од анкетираните луѓе во светот би сакале да бидат богати, но најголемиот број би се задоволиле со пари кои се помали од имотот на Илон Маск или Џеф Безос.
Британските истражувачи анкетирале околу 8.000 луѓе од различни земји.
Прво, испитаниците требаше да си го замислат својот идеален живот во кој ќе бидат задоволени сите нивни материјални потреби.
После тоа морале да одговорат на прашањето колку пари, доколку добијат на лотарија, би биле доволни за да бидат финансиски независни до крајот на животот.
Во истражувањето им биле понудени различни одговори – од 10.000 долари до 100 милијарди.
Во повеќето земји, испитаниците не биле заинтересирани за највисоката сума.
Повеќето луѓе би биле задоволни со 10 милиони долари, додека во некои земји повеќето се задоволни со милион, како што се луѓето во Индија и Русија.
Психологот Пол Бин, кој беше еден од водачите на истражувањето, наведува дека помладите сакаат повеќе пари, особено во развиените земји, додека највисоките бројки се интересни за луѓето кои живеат во земји со „висока толеранција за нееднаквост“, пренесуваат научните портали.