23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза до први август

Денес времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.

Прогноза за 30.07.2022
Минимална температура: 13°C до 23°C Максимална температура: 33°C до 39°C УВ=9

Прогноза за 31.07.2022
Минимална температура: 14°C до 22°C Максимална температура: 30°C до 37°C УВ=7

Прогноза за 01.08.2022
Минимална температура: 12°C до 21°C Максимална температура: 28°C до 35°C УВ=7