7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По Калитеа, оштетени автомобили со македонски регистрации и во Афитос

По Калитеа, оштетени автомобили со македонски регистрации имаше и во Афитос.

Фотографиите од возилата во Калитеа и Афитос ги објави ФБ страницата „Грција во живо“ наменета за информации за српските туристи кои се на одмор во Грција. Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков, коментираат на фејсбук групата.

На фотографиите се гледаат автомобили со скршени стакла. Два автомобили имаат таблички од Битола.

Администраторот препорачува сите вакви инциденти да се пријават во полициската станица во Касандрија и да се бараат снимки од камера за да бидат откриени вандалите.

„Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајте да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“, напиша еден од членовите на групата.

Спонзорирано: