Христијан Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Димитар Апасиев со кого се осамени во анти ЕУ коалицијата. Мицкоски заедно со Апасиев ја лажеа јавноста за македонскиот јазик, за македонската историја и посебност, ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација. Мицкоски и Апасиев повикуваа и на кампувања пред Владата, додека првиот се шеташе како манекен а вториот според информации од медиуми ангажираше и приватно обезбедување на протестите, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека за разлика од Мицкоски кој знае да зборува на бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот јазик, Владата предводена од СДСМ обезбеди чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, без никакви фусноти.
Мицкоски глуми лажен патриот а последната лага се нотарските изјави кои немаат никакво правно дејство.
Мицкоски е осамен во својата деструкција, затоа нa официјалниот сајт на партијата никој не фигурира во Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тој се скара со сите опозициски партии, ги излажа своите членови а ниту Лукашенко не му е рамен за тоа како ја води партијата.
Најавите на Мицкоски за референдум се само очаен обид тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец и наместо да бара референдум против македонскиот јазик, нека направи референдум во ВМРО-ДПМНЕ каде е прашање дали и таму има поддршка од мнозинството, се вели во соопштението.