Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Ужас: Во скапоцено ауди пронајден застрелан маж, претходно бил пријавен за исчезнат

Во текот на денешниот ден, попладнево, полицијата пронашла безживотно тело на 42 годишно лице од Тетово.

Мажот бил претходно пријавен како исчезнат од неговата сопруга.

Сега веќе починатиот последно бил забележан кога излегол од својот дом со автомобил марка ауди , а потоа не одговарал на повиците.

Во попладневните часови, околу 16 часот, тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.

Медиумите уште информираат дека возилото ауди Q5 било забележано во селото Нераште од страна на полиција. На телото на починатиот, наводно, според некои медиуми, имало повреди од огнено оружје.

Подетални информации се очекуваат утре.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК

НЕДЕЛА СО СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Температурите во Македонија ќе се движат од минус 3 до 6 степени

ДЕСК

СНЕГОТ СОЗДАДЕ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Забрани за камиони и отежнато движење на планинските превои

ДЕСК