Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, во ЕУ како Македонци со заштитен идентитет

Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, посветено да работиме, за граѓаните да живеат како сите останати народи од Европската унија. По 17 години од добивањето кандидатски статус, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет. Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од Европската унија.

Сега е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за да можеме брзо и одлучно да го оствариме сонот на нашата генерација, за доброто на идните генерации. Иднината на Република Северна Македонија е обезбедена и таа е европска, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Пукање во Скопје – се пукало кон куќа кон скопјанец

ДЕСК