Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Пакистан

На 21.07.2022 во 18.00 часот на патот Гевгелија – с.Богородица, на место викано „Поново мовче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода С.А.(47) од Скопје.

На местото било забележано како во неговото возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, влегуваат четири лица. При обид да биде извршена контрола на возилото, три од лицата се дале во бегство, нo набргу биле фатени, при што било констатирано дека се од Пакистан, како и лицето што било пронајдено во возилото.

С.А. бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК