22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ на сите граѓани им честита почеток на преговори со ЕУ!

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани почитувани новинари,

Нека е честито почеток на преговори со Европската унија!

Денеска е историски ден за Република Северна Македонија за сегашните и за идните генерации.

По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Брисел, започна преговорите со Унијата.

Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.

Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ.

Не смао што се говореше на македонски јазик, беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки.

Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Со ова, пропаднаа во вода сите лаги што со месеци ги слушавме од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска никаде го нема, ниту да се извини пред граѓаните ниту да честита за почеток на преговорите.

На оние кои ги злоупотребија граѓаните нека им суди историјата.

СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ за заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.

На крајот, уште еднаш им честитам на сите граѓани за овој денешен успех кој е плод на многу работа, посветеност и пожртвуваност.

Од утре продолжуваме да работиме посветено на процесот на реформи што ја носат Европа дома а нашата држава ја носат во Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T