Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судир меѓу автомобил и велосипед во Враништа – тешко повредено едно лице

На 25.11.2025 во 13:15 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон село Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на село Горно Татеши, струшко, и велосипед управуван од 65-годишен жител на село Враништа, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница Свети Еразмо во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК