Кога започнува летото, во нашите фрижидери секогаш мора да се најде ладна вода или барем коцки мраз во замрзнувачот со ладна вода од чешма. Иако мислиме дека ни се допаѓа и не разладува, ефектот на чаша ладна вода не е баш добар и веќе некое време ги загрижува експертите.
Некои студии покажаа дека студената вода дополнително го ослабува веќе ослабениот имунитет. Покрај тоа, ги стеснува крвните садови, што дополнително може да доведе до некои посериозни здравствени проблеми.
Можеби не ви паднало на памет, но може да ја оштети и забната глеѓ.
Дури и ако самата вода на собна температура е со послаб квалитет или вкус, ако се олади може многу лесно да се „маскира“. Негативните ефекти на студената вода не завршуваат тука: може да предизвика и респираторни проблеми, згрутчување и отежнато исфрлање на слуз, главоболки, настинки, проблеми со голтањето и варењето.
Студијата од 2001 година на Одделот за невронаука на Универзитетската болница во Упсала во Шведска, заклучи дека 7,6% од жените почувствувале симптоми на главоболка откако испиле 150 ml ледена вода.
Доколку имунитетот ви е слаб, а консумирате ладна вода, треба да знаете дека таа ја намалува способноста на организмот да се бори против бактериите и вирусите. Тоа влијае и на нашиот крвен притисок, грлото, респираторниот систем, нервите, но и на дигестивниот тракт и имунолошкиот систем.
Ладната вода може многу да го отежне варењето и голтањето храна. Посебно е неопходно да се избегнува за лица со стомачни проблеми или проблеми со голтањето. Затоа, не се препорачува за постари лица и бебиња. Повеќе се препорачува за спортисти, постари деца со прекумерна тежина, луѓе со низок крвен притисок и оние кои боледуваат од мултиплекс склероза.