22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ОЈО ќе бара притвор за осомничените, за да не заплашуваат сведоци и уништуваат докази за „Делчевски ниви“

Опасност од уништување докази и влијание врз сведоци, по овие две основи Обвинителството ќе бара притвор за седумте осомничените во случајот „Делчевски ниви“, објави Фокус, повикувајќи се на извори од ОЈО Скопје.

Денеска приведените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи по брањата на надлежниот обвинител.

Управата за финансиска полиција, осомнич двајца управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Игор Гиевски и Мирослав Митровски.

Гиевски, е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Митровски пак е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

„Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево“ – објави Фокус.

Според истрагата, спорните парцели биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен.
Како што вчера информираа од Финансиската полиција, осомничените од ЕВН Електрани, свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.

Истрагата покажала дека тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица за кои има поднесено кривични пријави. Со тоа направиле шетата на сметката на ЕВН од 99.431.060 денари, толку го платиле земјиштето чија реална пазарна цена била 2.146.723 денари, информираа вчера од Управа за финансиска полиција.