Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на Буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци, ќе се пренамени за ублажување на последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.
Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории на граѓаните, се вели во соопштението.