23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-OA

Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ – ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Тој во својот говор изјави дека сега на чекор се македонските православни свештени лица да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни канонски цркви да бидат известени. Патријархот на СПЦ Порфириј очекува сите помесни цркви да го прифати автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

„Браќа и сестри, ние сме сигурни дека и другите помесни цркви ќе ја поздравата автокефалноста на МПЦ – ОА“ порача Патријархот Порфириј.

Инаку, заедничката литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје се одвива на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ.