Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата МПЦ-ОА, ниту со својата безбедност и сигурност

Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.

„Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина.

Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност.

Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност.

Со благословот и томосот за автокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за автокефална.

Нека е за многу години овој голем ден, историски за православието и за македонската државност“, пишува во објавата.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ИНЦИДЕНТИ ВО СКОПЈЕ – Малолетници нападнати во Аеродром, физички пресметки во Карпош и Ѓорче Петров

ДЕСК

Како 11.000 пензионери ќе стигнат до пензиите — со затворени експозитури и картички што не работат?, праша Филипче

ДЕСК

СЕРИЈА ПРИЈАВЕНИ НАПАДИ И СЕМЕЈНИ ИНЦИДЕНТИ – Малолетници меѓу жртвите, полицијата расчистува повеќе случаи

ДЕСК