Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОРвест

(Фото) Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза

Соопштение на СДСМ:

Тажни слики од крајно запоставените езерца во Градскиот парк во Скопје, претворени во буниште, во извор на зараза, сведочи за негрижата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.

Езерцата неисчитени со месеци, полни со отпадоци, гнилеж и тиња претставуваат потенцијален извор на зараза за граѓаните, кои секојдневно во голем број го посетуваат паркот, се наоѓаат на само неколку десетини метри од канцеларијата на Арсовска.

За само шест месеци мандат, Данела Арсовска се покажа како најнеспособна градоначалничка на Скопје.

Работењето, односно неработењето на Арсовска за половина година се сведе на нереазлириање на ветувањата дадени на граѓаните и стопирање на проектите започнати од претходната локална власт предводена од СДСМ.

Граѓаните на дело, секој ден ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

За нов претседател на Советот на Општина Битола беше избран советникот Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Герасимовски со честитка за Денот на општината: Заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК