Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски со честитка за Денот на општината: Заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар

Денеска, Центар одбележува 49 години од формирањето на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, упатува искрени честитки до сите центарци по повод 3 Ноември, Денот на општината. Тој, порачува дека овој ден е потсетник на историјата, на традицијата и на визијата која нѐ обединува во градење модерна, хумана и просперитетна заедница.

„Горди сме што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме бројни проекти што ја унапредуваат инфраструктурата, јавните услуги, зелените површини, културниот живот и условите за поквалитетно секојдневие. Центар денес е пример за активна, динамична и европска општина која расте, созрева и се менува во чекор со современите потреби на своите жители. Најважно ни е да градиме средина во која секој граѓанин се чувствува почитуван, слушнат и вклучен.

Нова успешна приказна се пишува секој ден, со труд, со одговорност и искрена верба дека можеме подобро. Продолжуваме да работиме за Центар да биде најдоброто место за живеење и создавање. На сите центарци им го честитам денот на нашата општина. Ви благодарам за довербата. Заедно одиме напред. Нека ни е среќен денот!“, потенцира Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Со уште три образовни институции продолжува реализацијата на проектот „Сончеви училишта“

ДЕСК

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ДЕСК

Од паркинг до урбана грижа – што сè прави ЈП „Паркинзи“за подобар Центар

ДЕСК