Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Што ќе кликнеш, тоа ќе жнееш – граѓаните да се пазат од спектакуларни наслови

Во центарот на Скопје осамна герила акција со транспаренти за предупредување од лажни вести и спектакуларни наслови познати како кликбејт. Авторите на акцијата до народни мудрости ги предупредуваа граѓаните за штетноста на лажните вести и манипулациите.

Како предупредување против наседнување на кликбејт наслови и одбрани, граѓаните беа предупредени дека што ќе кликнат, тоа и ќе жнеат.

Ваквите наслови и објави освен за пласирање на лажни вести и манипулација се користат и за заразување со вируси и несакан софтвер, што може да ја загрози безбедноста и приватноста на корисниците на Интернет.

Останатите транспаренти кои се појавија низ Скопје предупредуваа и на опасноста од лажните вести, преку примери со дезинформации пласирани за домашни, но и меѓународни теми. Покрај лажната вест на транспарентите во продолжение беа напишани и народни поговорки чија цел е да ја посочат штетноста и неморланоста на лажењето.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Договор има, Мицкоски за пари прифаќа мигранти!

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

C +

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

C +
error: Соддржината е заштитена.