16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите, граѓаните не смее да плаќаат неработници

Соопштение на СДСМ:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.

Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат.

Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.

ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите.

Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.

СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК